Зеленски потпиша декрет: Какви било преговори со Путин се невозможни

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша декрет со кој формално се прогласуваат за „невозможни“ какви било разговори со Владимир Путин, но оставајќи ја вратата отворена за разговори со Русија.

Зеленски потпиша декрет: Какви било преговори со Путин се невозможни

Указот ги официјализираше коментарите на Зеленски во петокот, откако рускиот претседател прогласи четири окупирани региони на Украина за дел од Русија, што Киев и Западот го нарекоа нелегитимна фарса.

Тој (Путин) не знае што е достоинство и чесност“. Затоа, ние сме подготвени за дијалог со Русија, но со друг руски претседател“, рече Зеленски во петокот.

Украинските сили ја пробија руската одбрана на југот на земјата и продолжија со брзата офанзива на исток, заземајќи територии во областите анектирани од Русија, која ја нападна Украина во февруари, пишува IndexHR.

Путин, кој оваа недела наполни 70 години, доминира со политичкиот пејзаж на Русија повеќе од две децении. Според уставните реформи со кои тој лично претседаваше, тој може да се кандидира уште два мандати, потенцијално останувајќи на власт до 2036 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.