ЗЕЛЕНСКИ СЕУШТЕ НЕМА ДИЛЕМА: Ракетата не е украинска, верувам во извештаите на нашата армија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е убеден оти експлозијата во која загинаа две лица во Полска не е предизвикана од проектил од Украина.

„Немам дилема, тоа не е наша ракета“, изјави Зеленски за украинските медиуми, пренесува Ројтерс.

ЗЕЛЕНСКИ СЕУШТЕ НЕМА ДИЛЕМА: Ракетата не е украинска, верувам во извештаите на нашата армија

Тој рече дека верува оти експлозијата во вторникот била предизвикана од руски проектил, додавајќи дека своите заклучоци ги засновал на извештаите на украинската војска во кои „не може, а да не верува“.

Зеленски рече дека верува оти Украина веќе требало да добие пристап до местото на експлозијата.

„Дали имаме право да бидеме во истражниот тим? Се разбира“, рече тој.

Зеленски рече и дека Киев не добил понуда од Москва за почеток на мировни преговори. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, оваа недела изјави дека Украина не е заинтересирана за мировни преговори со Русија.

„Тие не комуницираат со нас“, рече Зеленски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.