Зелник со праз и сирење

 1 килограм брашно
околу 700 мл вода
1 свеж квасец
1 супена лажица сол
1 супена лажица шеќер
масло за премачкување на корите
испржен праз
сирење
Изронетиот квасец се меша со по една лажица шеќер и брашно, и малку вода и се остава да стаса. Се додаваат брашното и вода по потреба за да се добие помеко тесто. Се остава да стасува еден час. Потоа тестото се дели на пет помали и еден поголем дел. Сите делови се сукаат до дебелина од 1 милиметар. Секоја сукана кора се остава на еден чаршав да се исуши, се додека не се заврши секој дел од тестото. Најголемиот дел се засукува во поголема дебелина и покриен се става врз еден плех. На помалите кори се распоредува иситнето сирење и се попрскува со масло.
Потоа се собираат и се редат во поголемата кора. Со краевите на поголемата кора се замотуваат помалите кори. Во средината се става малку запржен праз со сирење и одозгора се наросува со брашно. Се остава зелникот да стасува еден час, а потоа се пече 40 минути на 220 степени.
Откако ќе се испече се вади од рерната и се полива со 100 мл вода со масло. Се враќа тавата во рерна и се пече уште 10 минути на истата температура.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.