Земјотрес во околината на Дојран и Гевгелија

Рано утрово во 03:11 часот земјотрес со интензитет од 2,8 степени според Рихтеровата скала е почувствуван од населението во Дојран, Гевгелија и околината.
– Епицентарот на земјотресот се наоѓа 150 километри југоисточно од Скопјe и потекнува од Дојранското епицентрално подрачје. Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.8, а беше почувствуван од населението во Дојран, Гевгелија и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.