Земјотрес во Штип и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево регистрираше земјотрес 71 километри источно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Свети Николе – Штип.

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот се случил во 16 часот и 21 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.5 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а бил почувствуван од населението во Штип и околината.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.