Земјотрес ги здрма гевгеличани

Денес во 13 часот и 3 минути земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван во Гевгелија и околината. Епицентарот на земјотресот се наоѓа 140 км југоисточно од Скопјe и потекнува од гевгелиското епицентрално подрачје, а е регистриран од телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.