Земјотрес од 2,9 степени во Ресен

Земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во земјава во 05:56 часот по локално време, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Според информациите, епицентарот на земјотресот бил на 17 километри северно од градот Ресен.

Земјотресот бил на длабочина од 12 километри.

Ова е трет послаб земјотрес што е регистриран во земјава во изминатава недела. Претходните два беа со јачина од 2 и 2,3 степени според Рихтеровата скала и беа со епицентар во скопското подрачје.

Пронајдете не на следниве мрежи: