Зимски, празнични колачиња одлични за со чај, кафе и топло чоколадо

Овие празнични, шеќерни колачиња ќе ви го стоплат срцето и ќе ви го засладат мешето овој студен декември. Се прават многу лесно и брзо, а ќе уживате декорирајќи ги со своите најблиски.
Доколку немате идеја што да подарите некому, доза свежо печени колачиња е секогаш одлично решение.
Само внимавајте, едно колаче содржи 134 калории, па не претерувајте со јадењето, иако ќе биде прилично тешко да се воздржите од крцкавиот вкус:


Потребни состојки:
1 шолја несолен, омекнат путер на собна температура
1 шолја шеќер
2 јајца
1 + ½ лажичка екстракт од ванила
½ лажичка сол
3 шолји сенаменско брашно
Декорации за колачиња и торти по избор
Модли со различни празнични форми


За филот:
1 шолја несолен, омекнат путер на собна температура
5 шолји шеќер во прав (+ уште малку доколку ви биде потребно)
2 лажички екстракт од ванила
¼ неутрална павлака за готвење со висок процент на масленост
Прехранбени бои (по избор)


Начин на подготовка:
1. Измешајте ги путерот и шеќерот во подлабок сад и матете со миксер околу 2 минути, додека смесата не стане мазна. Додадете ги јајцата едно по едно со непрестајно матење. Додадете го екстрактот од ванила и солта, а на крајот полека додадете го брашното, фино просеано.
2. Обликувајте го тестото во топка и завиткајте во го проѕирна фолија. Оставете го да се олади најмалку 1 час (а може да остане дури и 1 ден) во фрижидерот пред обликувањето на колачињата.
3. Загрејте ја рерната на 180˚С и ставете хартија за печење во плехот.
4. Поделете го тестото на 2 дела, едната половина вратете ја во фрижидерот (важно е смесата да остане ладна додека обликувате колачиња со помош на модли).
5. Развлечете го тестото со дебелина од околу половина сантиметар и со помош на модли извадете колачиња во најразлични форми и големини. Истата постапка повторете ја и со другата половина од тестото додека целосно не го потрошите.


6. Откако ќе ги наредите во плехот оставете ги да се оладат околу 20 минути, а потоа печете во рерна 12-15 минути, но внимавајте да се заруменат само краевите на колачињата, останатиот дел треба да остане речиси бел. Оставете ги колачињата добро да се оладат пред да ги декорирате.
7. Подгответе го филот за декорација. Во подлабок сад изматете го путерот околу 1 минута додека не стане мек и воздушест. Додадете го шеќерот во прав, една по една шолја и на секое додавање матете без престан.
8. Додадете го екстрактот од ванила и павлаката и матетe додека смесата не стане мазна (доколку смесата ви е премногу густа слободно додадете уште малку павлака, а доколку сметате дека е течна тогаш додадете уште малку шеќер во прав).
9. Поделете го кремот во неколку помали садови и во секој од нив додадете прехранбени бои по избор. Добро измешајте. Декорирајте ги колачињата кога се целосно оладени премачкувајќи ги со кремот во различни бои и додавајќи украси и додатоци наменети за торти и колачи.
10. Послужете ги веднаш, а може да се чуваат и во кутии што не пропуштаат воздух до 5 дена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.