ЗНМ објави прирачник за однесување на политичарите кон новинарите за време на вакви трагични настани.
– Како политичарите и носителите на јавни функции НЕ треба да комуницираат со новинарите во моменти на трагични настани
Следниот водич треба да служи како пример пред се за владините службеници, кои во неколку наврати на одвоени прес конференции имаа несоодветна комуникација со дел од новинарите.
Таквата комуникација не смее да стане пракса, на прашањата на новинарите кои се глас на јавноста треба да се одговара постојано и отворено, стои во објавата на ЗНМ на Фејсбук.









