ЗНМ и ССНМ до Славески: Недозволив е таков настап на носител на висока јавна функција

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) реагираат на вчерашниот однос на гувернерот Трајко Славески, кон новинарот на ТВ Канал 5.
На новинарски прашања поврзани со изборот на новите вицегувернери, Славески изјави дека прашањето е „апсолвирано“, а на новинарот од Канал 5 му порача – за ова разговарајте со вашиот уредник и прашајте го кои се мотивите за овој напад врз централната банка.
Според ЗНМ и ССНМ, ваквиот настап е недозволив за носител на висока јавна функција.
– ЗНМ и ССНМ потсетуваат дека јавните функционери имаат обврска да покажат повисоко ниво на политичка култура, институционална зрелост и почит кон медиумите. Критичките прашања не смеат да се третираат како непријателски чин, туку како составен дел од јавната отчетност и демократскиот надзор врз институциите. Секој обид за дискредитација на новинарите или за доведување во прашање на нивните мотиви претставува лоша порака кон целата медиумска заедница и кон јавноста, стои во реакцијата.
ЗНМ и ССНМ го повикуваат гувернерот и сите носители на јавни функции да се воздржат од дисквалификации, омаловажување и етикетирање на медиумите.

Пронајдете не на следниве мрежи: