Зошто е корисно секој ден да јадете бадеми?

Научници од American Heart Association во текот на истражување открија дека честото консумирање на јаткасти плодови е поврзано со помал ризик од развој на хипертензија, кардиоваскуларни болести па дури и карцином.
Bright Side одвои четири причини зошто треба секој ден да јадете бадеми.
1. Влијаат на развојот на бебето
Докажано е дека бадемите можат да ја зголемат мозочната активност. Многу е важно да консумирате бадеми во текот на бременоста. Децата чии мајки јаделе бадеми во текот на бременоста постигнале подобри резултати на тестовите на интелигенција.
2. Помагаат во закрепнувањето по породување
Често се препорачуваат бадеми на жени по породување со цел побрзо да закрепнат и да спречат појава на стрии.


3. Го намалуваат холестеролот и делуваат на дијабетесот
Пациентите заболени од дијабетес тип 2 ќе доживеат подобрување на нивната физичка состојба ако секојдневно јадат бадеми. Бадемите помагаат во прочистување на артериите и намалување на холестеролот. Исто така, бадемите придонесуваат во намалување на шеќерот во крвта.
4. Ја намалуваат појавата на акни
Бадемот претставува традиционален лек на Блискиот Исток, факт е дека бадемите се преполни со витамин Е кој претставува антиоксиданс и помага во лекувањето акни и подмладување на кожата.
Ако сакате убава и здрава кожа, јадете бадеми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.