Зошто не смеете да изедете повеќе од една резанка лубеница дневно? Страшно ќе се здебелите!

Луѓето обично мислат дека лубеницата, јаболката и зрнестото овошје се само „вода“ со витамини. Но со таквата „вода“, може да се качат прилично многу килограми.
Може да се здебелите дури и ако јадете само лубеница!
Мора да знаете едно нешто: овошјето е полно со фруктоза. Вишокот фруктоза, особено на празен стомак, ќе доведе до масна дегенерација на црниот дроб. Исто така, фруктозата придонесува за дебелеење и предизвикува имунитет на хормонот за масно ткиво, лептин, и на хормонот инсулин од панкреасот. Како резултат на тоа, доаѓа до постојано зголемување на апетитот.
Станува збор за маѓепсан круг, тврди Зухра Павлова, ендокринолог на Универзитетската болница во Москва.
Едно парче лубеница содржи дури 25% од дневните потреби за витамин Ц. Витаминот Ц е важен за здрави заби и непца, помага за апсорпција на железо и за одржување на здравјето на сврзното ткиво на кожата, имунолошките функции и заздравување рани.
Овој витамин содржи и антиоксиданси, па го спречува оштетувањето на клетките со неутрализација на слободните радикали – молекули за кои се верува дека се поврзани со стареење и појава на одредени болести.
Постојат сè повеќе докази дека луѓето кои јадат доволно овошје и зеленчук за да ги задоволат дневните потреби за витамин Ц, имаат постабилен крвен притисок од оние што не јадат доволно од овие важни намирници.


Лубеницата содржи многу витамин А, кој игра важна улога за здравјето на очите, развојот на коските, репродукцијата и делбата на клетките.
Витаминот А е од витално значење за многу други функции, вклучувајќи и регулација на имунолошкиот систем и производството на лимфоцити. Едно парче остварува 30% од дневните потреби.
Можете да ослабите на здрав начин
Со оглед на тоа што во многу земји повеќе од 60% од возрасните лица имаат прекумерна тежина, се зголемува ризикот од хронични болести. Ако сакате да ги намалите своите фактори на ризик, имајте на ум дека едно парче лубеница содржи само 40 калории. Има ниска калориска вредност, но богато е со хранливи материи.
Го чува здравјето на срцето
Истражувањата покажале дека луѓето кои јадат најмалку три оброка со овошје и зеленчук дневно, изложени се на помал ризик од мозочен удар, болести на срцето и други срцеви проблеми, за разлика од луѓето што јадат само една порција дневно.
Со оглед на тоа што лубеницата е многу хранлива, а не го оптоварува организмот со масти, грицкајте ја наместо чоколадни и солени грицки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.