четврток, 12 ноември 2026
Најново

Зошто не треба во пластични садови за сладолед да чувате храна?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пластичните кутии за сладолед често изгледаат како практична работа што подоцна можеме да ја користиме на други начини – на пример, за чување остатоци од ручек или дури и за замрзнување храна. Сепак, тоа не е здраво.

Празни кутии за сладолед може да пренесат хемикалии во храната што ја ставате во нив. Ова вклучува хемикалии како што се УВ стабилизатори, омекнувачи или супстанции кои се наоѓаат во пластиката кои можат да се пренесат од пластика во храна, објаснуваат експертите.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Производителите обезбедуваат безгрижно користење и консумирање на сладоледот што се наоѓа во кутијата, но кога е празен, кутијата мора да се фрли во ѓубре.

Кутиите се особено опасни ако се мијат во топла вода или се загреваат во микробранова печка.

Тие се дизајнирани во нив да се чува сладолед и ништо друго.

Кој е најдобриот начин за чување храна?

Користете пластични садови кои се наменети само за чување храна, бидејќи составот на пластиката се разликува од садовите за сладолед. Исто така, можете да користите стаклени, но и силиконски садови.

Силиконските контејнери за складирање храна се исто така целосно безбедни за чување храна во замрзнувач.

Поврзани вести