Зошто не треба да го прескокнувате појадокот?

Неодамнешно истражување покажа дека 92 отсто од лицата кои учествувале во анкетата, сметаат дека појадокот е најважен оброк, но само 46 отсто се изјасниле дека редовно го консумираат.
Редовното консумирање на појадок има бројни придобивки за здравјето, а еве неколку клучни работи кои го прават појадокот најважен оброк во денот.
Појадокот помага при слабеење
Постојат научни докази според кои редовното консумирање на појадок е поврзано со намалување на телесната тежина.


Прескокнувањето на појадок дебелее
Истражувањата покажале дека лицата кои го прескокнуваат појадокот имаат поголеми шанси да се здебелеат и да добијат поголем индекс на телесна тежина.
Според нутриционистите, на возрасните лица дневно им се потребни 5 порции овошје или зеленчук, житарки, млеко и млечни производи, односно 2 месни производи. Ако го прескокнете појадокот, тешко дека ќе успеете да му дадете на телото сè што му е потребно.
Ќе имате повеќе енергија
Храната е главен извор на енергија за човекот, па ако имате здрав и обилен појадок – полесно ќе ги извршите сите обврски во текот на денот.
Ќе бидете попаметни
Појадокот му дава енергија и на вашиот мозок, па ќе бидете поспособни да се концентрирате на задачите кои се пред вас.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.