Зошто не треба да го терате детето да изеде сè од чинијата?

Родителите често грешат кога станува збор за исхраната на децата. Честопати од децата се очекува да изедат сè што им е сервирано, а тоа не е баш добро.
Иако родителите ја имаат главната улога кога станува збор за навиките во исхраната на децата, важно е да не се прават грешки кои негативно ќе влијаат на децата, пишува Bright Side.
1. Децата треба да развијат здрав однос кон храната
Децата мора да бидат способни да разберат кога се гладни, а кога се сити. За да ги научиме да имаат нормален однос кон исхраната важно е тие самите да одлучуваат колку сакаат да јадат и да престанат во момент кога телото и умот целосно им се задоволни.


2. Децата може да развијат одбојност кон здравата храна
Ако имаат негативно искуство со храната којашто родителите ја нуделе постои шанса детето да почне да ја избегнува токму таа храна, станувајќи повеќе избирливо.
Поради природниот страв од непознатата храна нормално е прво да одбијат да јадат некои производи, но кога одбивањето ќе наиде на притисок за јадење голема е веројатноста дека поврзаноста со тој производ нема да биде позитивна.
3. Врската меѓу телото и мозокот може да стане послаба
Кога јадеме мозокот прима сигнали од дигестивните хормони, засилувајќи го чувството на ситост. Ако родителите не дозволат децата да го слушаат својот мозок, научниците предупредуваат дека тоа би можело да предизвика долгорочни последици.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.