Зошто ни се спие кога врне?

Кога врне дожд или кога е облачно ни треба повеќе време за да се расониме и цел ден ни се спие. Главниот виновник за тоа се хормоните.
Серотонин е хормон кој е одговорен за добро расположение, енергија и чувство на среќа.
Ако денот е врнежлив, има малку дневна светлина, па телото лачи помалку серотонин, што нас нѐ прави потроми и попоспани од вообичаено.
Самиот звук на дожд има влијание врз сонот. Многу луѓе тврдат дека подобро спијат во врнежливи денови и ноќи, иако на прв поглед би се очекувало спротивното.
Во текот на еволуцијата, луѓето научиле да ги толкуваат изненадните и гласни звуци како опасност, па затоа гласните аларми успешно нѐ будат.
Ако звукот е тивок или умерено јак и изедначен (како врнење дожд), според истражувачите од Државниот универзитет на Пенсилванија во САД, нашиот мозок го толкува како некој да му повторува дека сѐ е во ред.
Покрај тоа, овој успокојувачки шум ги „покрива“ помалку пријатните звуци што би нѐ вознемириле или расониле.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.