Дали имате навика пред спиење да ставате чаша вода до креветот? Сметаме дека е подобро да ја имаме во близина ако се будиме жедни во текот на ноќта. Сепак, излегува дека пиењето премногу вода пред спиење не е толку добра идеја, всушност може да влијае на квалитетот на сонот.
Но, колку е премногу? И кое е точното време кога треба да застанеме?
Кога треба да престанеме да пиеме вода за подобар сон?
Последната голтка вода дневно треба да биде три до четири часа пред спиење, освен ако, се разбира, треба да испиете некој лек, но не ви треба ни многу вода за лекот – пишува Mind Body Green.
Се советува ако лошо спиете, денот да го започнете со голема чаша вода со лимон.