3. Потребно е да ја променете вашата ноќна рутина
Дали јадете обилни оброци пред спиење? Или пак можеби го завршувате денот со шолја еспресо? Можеби гледате и некоја серија пред да си легнете. Сите овие работи може да бидат причина за вашето будење во текот на ноќта. Обидете се да воспоставите рутина пред спиење која е добра за вас. Немојте да користите никаков екран барем 1 час пред спиење. Наместо тоа пуштете си некоја смирувачка музика и медитирајте малку. Ако морате да се туширате пред да си легнете, користете есенцијални масла кои ќе ви го исчистат умот и ќе ви помогнат да се релаксирате.
4. Сте испиле премногу вино пред спиење
Додека 1-2 чаши вино може дури и да ви помогнат да заспиете, истражувањата покажале дека алкохолот има влијание на вашиот сон и на заспивањето, како и на РЕМ фазата од сонот. Дел од ова е поради тоа што алкохолот се претвора во шеќер и го покачува нивото на шеќер во вашата крв. Ова речиси сигурно ќе ве држи будни подолго отколку што сакате. Како и другите течности, и алкохолот консумирајте го неколку часа пред спиење.
5. Можеби сте нервозни за нешто
Замислете си дека треба да спиете, но следното утро имате лет за кој треба да се разбудите рано. Дали ви се има случено во ваква ситуација премногу да се плашите дека ќе го испуштите летот, па се будите на секој час? Или пак можеби сте нервозни поради некое раскинување, па емоциите не ви дозволуваат да заспиете. Емоциите од кој било вид може да имаат голема улога во квалитетот на вашиот сон, а стресот може да не ви дозволи да заспиете. Ако сте анксиозни за нешто пред спиење, на вашето тело му е потешко да се релаксира и да потоне во длабок сон. Обидете се да слушате некоја медитација, разговарајте со пријател час, два пред спиење, па дури и вежбајте во текот на денот за да истрошите повеќе енергија.
6. Сте изеле нешто што не треба
Без разлика дали е обилен оброк за кој е потребно повеќе време да се свари, нешто благо кое го покачило шеќерот во вашата крв, или пак парче чоколадо кое има и шеќер и кофеин, важно е да внимавате што консумирате пред да одите на спиење.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.