Секој последен викенд во октомври ги поместуваме стрелките на часовникот назад за еден час и така преминуваме на таканареченото зимско сметање на времето. Секоја последна недела пак од март го поместуваме часовникот во спротивна насока и го користиме таканареното летно сметање. Ова е прашање што се уредува со закон во повеќето европски земји. Сепак, зошто и кои се придобивките од ова?
Целата идеја за воведување на поместувањето на часовникот е заснована на астрономската околност дека во јануари сонцето изгрева околу 8 часот, а заоѓа околу 16 часот, додека во јули, кога денот е значително подолг, изгрева околу 5 часот, а заоѓа после 21 часот. Бидејќи луѓето своите дневни активности ги започнуваат во истото време секоја година, обично околу 7 часот, во средината на летото се „губат“ скоро два часа од дневната светлина.
Идејата тоа време да се надополни со поместување на часот била измислена од Џорџ Вернон Хадсон (1867-1946), ентомолог од Нов Зеланд, кој во 1895 години додека работел во Кралството во Велингтон предложил летно поместување на времето за два часа. Но, идејата веројатно останала заборавена, па истиот предлог, подоцна го дал британскиот претприемач Вилијам Вилет (1854 – 1915).
Во текот на една раните утрински часови додека јавал низ Лондон, Вилет летото во 1905 година забележал дека сонцето одамна излезено , а голем број на луѓе сеуште спиеле. Знаејќи дека времето на изгрејсонцето се променува во текот на годината, па во текот на летото денот почнува порано, Вилет започнал голема кампања за воведување на т.н. британски летен период.
Со неуморното лобирање се до Првата светска војна, Вилет добил некои либерални пратеници во парламентот, а за неговата идеја се заинтересирал и тогашниот премиер Винстон Черчил. За жал Вилет починал од епидемија на грип, и не дочекал неговото „сметање на времето“ да биде легализирано. Но неговиот предлог бил прифатен од страна на Германија и 1916 година таа прва со закон го вовела летното сметањ. Британците го следеа примерот во 1921 година, а потоа и речиси сите европски земји и САД.
Денес во светот дури 110 од 192 држави го користат летното сметање на времето. Тоа не се користи во Кина, Јапонија, Јужна Кореја и ширум афричкиот континент, кадешто оваа мерка никогаш не стекнала поширока популарност. Но, во поголемиот дел од развиениот свет, овој договор се смета за погоден начин за во летните месеци, кога сонцето природно заоѓа подоцна, да се „задржи“ дневната светлина.
Поради поместувањето на часот претпладнето има повеќе дневна светлина отколку попладнето, луѓето своите активности ги извршуваат во ден кој е еден час подолг, поради што се воглавно и посреќни. Но, тоа не е единствената причина. Некои анализи покажуваат дека со поместувањето на часвоникот се заштедуваат помеѓу 500 милиони и милјарда долари годишно.
Со повеќе дневна светлина, трговечките ланци и угостители остваруваат подобар промет, додека истовремено расте и бројот на спортски активности и туристичките организации бележат дополнителен приход.
Интересно е тоа што бројот на сообраќајни несреќи се намалува за околу 1%. Некои локални истражувања покажуваат дека тој процент е и поголем, што го објаснува подолгиот период на подобра видливост.
Со тоа, се троши и помалку енергија за осветлување и греење, за околу 0.5 и 1%.Секој последен викенд во октомври ги поместуваме стрелките на часовникот назад за еден час и така преминуваме на такан