Ова растение не е многу вкусно, а сите знаеме дека тоа е првиот знак дека нешто е здраво. Ако ви кажеме дека треба да се навикнете да пиете ладно цеден целер барем една недела, дали тоа значи дека е многу здрав?
Одговорот е да!
Да не беше така, најпознатите светски спортисти не би го започнале денот со пиење барем една чаша од овој ладно цеден сок.
Со пиење целер, на телото му ја обезбедуваме потребната и моќна детоксикација.
Природните материи од целерот се лепат до лошите и токсични материи кои ги внесуваме во организмот преку нездравата храна, загадениот воздух… и на тој начин ги исфрламе од телото.
Чистењето започнува од цревата – Во првите 2, 3 дена ќе почувствуваме олеснување и намалување на надуеноста, а ќе ги забележиме и првите видливи промени на кожата, како на пример повлекување на акните.
Со пиење на сокот ја одржуваме рН рамнотежата во организмот, односно ја неутрализираме киселината;
– Ги чистиме крвните садови и на тој начин ги правиме попроодни, за да опадне крвниот притисок;
– Ги зајакнуваме коските;
– Ја подобруваме меморијата. Особено помага ако имате проблем со фокусирање и концентрација;
– Исто така полесно ќе ослабете бидејќи сокот ќе ја згасне желбата за слатки и преголеми количини храна;
– И секако, ќе го зајакне вашиот имунитет.
Колку треба да пиете?
Сега назад на неговиот вкус.
Најдобрите ефекти се постигнуваат со пиење пола литар сок секој ден, но ако ви е премногу и не можете да издржите, почнете со 250 ml, па постепено зголемувајте ја количината.
Едноставно затворете го носот и пијте до крај. Затоа што тие 2-3 минути грд вкус ќе ви го разубават секој ден.