Зошто Хурем го напушта Сулејман?

На почетокот се шушкаше дека Хурем го напуштила снимањето поради пренапорното темпо, кое предизвикало да доживее нервен напад. Сепак, изгледа причината за која таа го напушта Сулејман е бидејќи е бремена.
Турските медиуми ја објавија веста дека преубавата Мерјем Узерли го напуштила снимањето на „Величенствениот“ бидејќи очекува принова со свршеникот Кан Атеш. Ова ги става сите останати актери, како и продуцентите во небрано. Екипата актери кои се дел од серијалот, меѓу кои и неколку македонци, ѝ се лутат на бившата колешка, која ги оставила на цедило.
Што ќе прават продуцентите сега, не знаеме, но сигурно стравуваат, бидејќи недамнешна анкета за тоа дали гледачите би ја гледале серијата доколку друга актерка ја толкува улогата на Хурем, покажале дека поголем дел од гледачите не би ја гледале серијата. Серијата и натаму поставува рекорди, но ќе видиме што ќе се случи сега кога Хурем повеќе ја нема.
извор: novamakedonija.com.mkНа почетокот се шушкаше дека Хурем го напуштила снимањето поради пренапорното темпо, кое предизвикало да доживее нерве

Пронајдете не на следниве мрежи: