Aтлетичарот Дарио Ивановски утре ќе ја претставува Македонија на Летните Олимписки игри во Париз, а во денешната изјава пред трката порача дека се чувствува подготвено и мотивирано.
Ивановски порача дека е во одлична форма и очекува да биде во првата половина.
„Целиот живот се подготвувам за овој настап. Овие три недели одлично ја темпирам формата. Мојата форма се зголеми и енергијата е прекрасна со сите спортисти околу мене. Се чувствувам подготвен за предизвикот. Очекувам да бидам во првата половина и да истрчам добра трка. Сакам цела Македонија да ужива“, изјави Ивановски.
Трката француската престолнина е закажана за утре со почеток од осум часот. Ивановски ќе биде и последниот македонски олимпиец кој ќе ја претставува Македонија во Париз.