Швајцарската полиција ги идентификуваше сите 40 лица кои загинаа во пожарот што избувна на новогодишната ноќ во ноќниот клуб „Le Constellation“ во скијачкиот центар Кран-Монтана, соопштија властите во Вале. Обвинителството потврди дека пожарот е предизвикан од употреба на пиротехнички средства во објектот.
Според досегашните информации, меѓу загинатите има шест италијански државјани, а повеќето од жртвите се млади луѓе, меѓу кои и голем број малолетници. Пожарот избувнал за време на новогодишна прослава, а според истражителите, пожарот се проширил многу брзо низ затворениот простор, создавајќи густ чад и паника кај посетителите.
Полиција објави дека се идентификувани последните 16 жртви, со што е завршен процесот на идентификација на сите починати. Меѓу нив се тројца швајцарски државјани на возраст од 15, 15 и 22 години, 24-годишно девојче со двојно швајцарско-француско државјанство, три италијански државјани на возраст од 15 и 16 години, 22-годишна португалска државјанка, 17-годишна белгиска државјанка, шест француски државјани на возраст од 14 до 33 години и 15-годишно момче со француско, израелско и британско државјанство.

Јавното обвинителство соопшти дека истрагата продолжува за да се утврдат сите околности на трагедијата, вклучително и како била организирана прославата и дали биле почитувани безбедносните прописи на местото на одржување. Трагедијата во Кран-Монтана е една од најсмртоносните несреќи во затворен простор во поновата историја на Швајцарија, а во неколку градови се одржуваат комеморации во спомен на починатите.



