Идеја за појадок: Тегнета пита со пица фил

Потребни состојки:
300-400 мл млака вода
Околу 1 кг брашно
50-100 мл масло
1 лаж. сол
Малку печиво(може и без)
Начин на подготовка:


Замесете средно меко тесто од состојките. Печиво може, но и не мора да додадете. Тегнетото се прави без квасец, па да не ве чуди што го нема во состојките. Од тестото направете 8 помали топчиња кои ќе ги расукате или оформите со рацете. Премачкајте ги со масло и оставете ги во намрсен сад 15-30 мин да постојат. Потоа од секој дел со раце на голема крпа или намрсена површина истегнете големи тенки корички. Не мора да се перфектни и којзнае колку тенки, а без грижа и ако се направи некое дупче. Само правете го со љубов и труд. Влечете ги сите краеви полека и нежно до посакувана дебелина, па распоредете го филот. Може да ставите рендано сувомеснато, кашкавал, оригано и сосема малку кечап. Завиткајте ја кората(полесно е на крпа затоа што тогаш само подигнете ја крпата полека и убаво ќе се завитка) и префрлете во тава. Повторете ја постапката и со останатите кори. Пред печење попрскајте ја питата со масло или премачкајте со јајце. Печете на 200 С околу 20-30 минути. Оставете малку да излади, па може да ја послужите. Тестото е посно така што уште една супер идеја доколку ставите и зеленчук како фил. Праз, спанаќ, компир, кромид има премногу избор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.