ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, официјално листите со кандидати на пратениците за изборите на 12 април ќе ги презентира на јавен настан што ќе се одржи во среда на 11 март. Како што рече во средата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претходно кандидатите и носителите на листите треба да бидат потврдени на седница на Централниот комитет што ќе се одржи на 10 март во вторник.
В понеделник по Конгресот на СДСМ ќе бидат познати изборните листи за престојните предвремени парламентарни избори, закажани за 12 април. На огласот се пријавиле околу две илјади кандидати, по првичните селекции на локално ниво останале околу илјада и тие понатаму се селектираат на централно ниво на партијата, согласно анализите и анкетите, но и согласно препораките на селекционата комисија.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев вчера рече дека имињата на некои од кандидатите во одредени населени места се познати, но повеќето се уште се во процес на избор за учество на листите.