четврток, 12 ноември 2026
Најново

“Иефимерида“ да ги објави имињата на корумпираните новинари бараат новинарските организации од Македонија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Здружението на новинарите на Македонија, Советот за етика во медиумите на Македонија и Независниот синдикат на новинари и медиумски работници вчера испратија допис до грчкиот веб портал “Иефимерида“, кој овој месец објави информации дека грчката Влада потрошила милионски суми за корумпирање на македонски новинари и медиуми.
Во дописот ЗНМ, СЕММ и ССНМ бараат од уредништвото на “Иефимерида“ да ги објави имињата на новинари и медиуми што наводно примале пари со цел да навиваат јавно за Договорот од Преспа.
– Објавување нецелосни информации во врска со работата на македонските новинари го урива нивниот углед и довербата пред јавноста и во исто време претставуваат злонамерни шпекулации, кои можат да им служат само на политичките интереси, се вели во соопштението од ЗНМ.

Поврзани вести