четврток, 12 ноември 2026
Најново

Измама во Апелација: Со 16 одложени рочишта судија дозволил предмет да застари

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Денешната 538. седница на Судскиот совет ги извади на површина сериозните сомнежи за нестручно и несовесно работење во Апелациониот суд Скопје. Извештаите на работните групи открија дека поради „неразумно одолжување“, еден важен предмет, кој бил во судот година и пол, доживеал апсолутна застареност на 30 декември 2025 година.

За овој случај биле закажани дури 16 јавни расправи, што според членката на Советот, Сузана Јошевска-Анастасовска, е јасен индикатор дека судијата не сторил доволно напори предметот да заврши навреме. Дополнително, констатирани се прекршувања на законските рокови за објава на пресуди, со што директно се прекршува Законот за кривична постапка.

Поврзани вести