Израелски политичар насилно изнесен од парламентот, затоа што зборува за злосторствата во Газа

Во Ерусалим, пред два дена, се случил инцидент во израелскиот парламент, кога член на опозициската партија Хадаш, која ги обединува Арапите и Евреите, остро ја критикувал од говорницата израелската воена офанзива врз Појасот Газа.

„Војната трае веќе година и пол во која убивте 19.000 деца, 53.000 жители на Газа, ги уништивте сите универзитети и болници. А за вас нема политичка победа. Чувствувате дека нема политичка победа. Затоа полудувате“, рече Ајман Одех, кој беше исвиркан од некои од претставниците за време на неговиот говор, а потоа обезбедувањето насилно го одведе и го спречи да продолжи да зборува.

Во последните недели, Израел ги интензивираше нападите врз Газа, која е загрозена од огромна хуманитарна криза поради глад, а Израел не дозволува значителна помош да влезе во палестинската енклава.

Во последниот израелски воздушен напад во појасот Газа беше погодена семејна куќа, при што загинаа девет деца, а тешко повреден е таткото и уште едно дете.

Пронајдете не на следниве мрежи: