Израел ќе го прифати барањето од администрацијата на Доналд Трамп за прекин на нападите врз Иран, но ќе продолжи со нападите врз јужен Либан, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на два израелски извори.
Еден од изворите ја опиша ситуацијата како „многу кревка“, наведувајќи дека сè уште постои закана од Иран дека би можел повторно да го нападне Израел доколку израелските сили продолжат да дејствуваат во Либан.
Претходно во понеделник, Иран објави дека ја суспендира својата воена операција против Израел, но во исто време предупреди дека може да ја обнови доколку Израел продолжи да го напаѓа Либан. Ова дополнително ја зголеми неизвесноста околу можното ширење на конфликтот во регионот.
Според Си-Ен-Ен, одлуката на Израел се однесува на прекин на нападите врз Иран на барање на американската администрација, додека операциите во јужен Либан остануваат на сила. Засега не се објавени дополнителни детали за времетраењето на таквата одлука или за можните последователни дипломатски потези.
По ескалацијата на конфликтот и меѓусебните ракетни напади меѓу Тел Авив и Техеран, американскиот претседател Доналд Трамп даде итно соопштение.
Соочен со ситуација што се заканува да ескалира во тотална регионална војна, Трамп испрати кратка, но јасна порака до двете страни.
„Израел и Иран мора веднаш да престанат со пукањето“, рече Трамп, во нов обид да го запре крвопролевањето, откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го игнорираше неговиот совет вчера да го одложи одмаздничкиот напад.
The post Израел го прифаќа барањето на САД за прекин на нападите врз Иран, но ќе продолжи со нападите врз јужен Либан и Хезболах appeared first on Во Центар.



