Израел и Турција договорија надомест за Флотилата на слободата

Израел и Турција подготвија нацрт договор за компензација за инцидентот со турскиот брод од составот на Флотила на слободата, и се очекува наскоро да ги финализираат останатите детали, објави прес-службата на израелската влада по втората рунда консултации на комисиите на двете земји.Исплатата на надоместокот е за пресретнувањето во мај 2010 година на шест бродови со хуманитарна помош од Флотилата на слободата којашто се обидуваше да ја пробие израелската поморска блокада на палестинската енклава Појасот Газа, кога израелските командоси се качија на бродот „Мар Марис“ кој пловеше под турско знаме при што смртно настрадаа девет турски државјани.Потоа следеше повлекување на дипломатските мисии од Анкара и од Тел Авив и растурање на долгогодишното стратешко партнерство меѓу двете земји во регионот. Турција, како основен услов за нормализацијата на односите со Израел, за што е заинтересиран и Вашингтон, особено имајќи ја предвид и двегодишната криза во Сирија која граничи со двете земји и каде западот како и Турција ги поддржува бунтовниците кои сакат да го соборат од власт претседателот Башар ал-Асад, до враќање на нејзиниот амбасадор во Тел Авив, бараше извинување од Израел и исплата на отштета за жртвите.„Преговарачките групи подготвија нацрт договор, кој треба дополнително да биде разработен во уште неколку прашања. Двете страни очекуваат да биде постигнат конечен договор во блиска иднина“, се вели во соопштението на службата за односи со јавноста на владата на Израел.Вториот круг од израелско-турски консултации се одржа во понеделникот во Ерусалим, додека првиот се одржа во април во турскиот главен град Анкара.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во март годинава, по речиси две години прекин на контактите, имаше телефонски разговор со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган, кога се извини „за сите грешки кои можеле да доведат“ до смртта на учесниците во Флотилата на слободата и начелно изрази согласност за исплата на надомест за инцидентот.Во текот на разговорот кој се одржаа на крајот од неодамнешната посета на Израел на американскиот претседател Барак Обама, челниците се согласија да ги нормализираат односите меѓу двете земји. Подоцна, Нетанјаху ги објасни отстапките кон Турција со влошување на кризата во Сирија и потребата од сојузник за реагирање на заканите кои произлегуваат од сириската граѓанска војна.Израел и Турција кои во минатото беа стратешки партнери, ги заладија меѓусебните односи, откако турската надворешна политика се пренасочи кон европската интеграција и се фокусираше на зајакнувањето на својата позиција во арапско-муслиманскиот свет. Инцидентот со Флотилата на слободата беше кулминација на заладувањето на билатералните односи, иако на тоа му претходеа и по него следеа и многу други конфликтни ситуации меѓу Тел Авив и Анкара.
MaкфаксИзраел и Турција подготвија нацрт договор за компензација за инцидентот со турскиот брод од составот на Флотила на сло

Пронајдете не на следниве мрежи: