Изутринава во Скопје изгореа ресторан и возила

Во голем пожар кој изутринава избувна во Скопје изгореа ресторан и возила . Пожарникарите два часа интервенирале на огнот кој ја зафатил изгорената куќа- ресторан и кој се прошил и на патнички возила паркирани на улицата “Дане Крапчев“ број 1.
Како што информираат од Противпожарната единица на Град Скопје пожарот изувнал во 2:55 часот изутринава, а бил локализиран во 4:55 часот. Опожарени се 250 метри квадратни, но се уште не е утврдена предизвиканата материјална штета. Во гаснење на пожарот било интервенирано со 8 возила и 18 пожарникари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.