Има три начини на кои луѓето гледаат порно, само еден е здрав

Научниците открија дека има три начини на кој луѓето гледаат порно, но само еден од нив е здрав.

Истражувањето објавено во Journal of Sexual Medicine идентификува три начини на кои луѓето гледаат порно: рекреативен, сексуално компулсивен и вознемирено некомпулсивен.
Сигурно погодивте, здравиот начин да гледате порно е оној првиот.

Но што значи оваа поделба?
Рекреативците гледаат во просек по 24 минути порно неделно, во споредба со 110 минути и „најголеми вложени напори да се дојде до сексуални содржини“ карактеристични за оние од втората група.
Во првата група спаѓаат луѓе кои, во широка смисла на поимот „бараат сексуално експлицитни содржини од љубопитство, за да ги подобрат нивните сексуални вештини и знаења или да го зголемат уживањето или интересот за секс.“

Во оваа категорија спаѓаат повеќе од три четвртини од вкупно 830 испитаници.
„Рекреативните корисници рекле дека имаат поголема сексуална сатисфакција и пониска сексуална компулсивност, склоност кон избегнување или дисфункционалност, во споредба со втората категорија чии претставници покажале помало сексуално задоволство од гледањето порно, повисоко ниво на сексуална компулсивност и дисфункционалност“, стои во извештајот од истражувањето.
Во рекреативната група спаѓале главно жени или луѓе во врска, а мажите доминирале во сексуално компулсивната група.

Оние од последната категорија гледале во просек само 17 минути порно неделно, но имале најголемо ниво на вознемиреност поврзана со гледање порнографија.
Научниците забележале дека времето поминато во гледање порно не мора да значи дека има врска со емотивната реакција на корисникот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.