четврток, 12 ноември 2026
Најново

Има 70 години, беше излечена од рак а сега се омажи: Лекарите кои ѝ го спасија животот, на свадбата направија нешто што ги расплака сите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Шери Џејмс која има 70 години се лечела од страшна болест, а потоа на својата свадба ги повикала лекарите со кои поминала низ тежок период на лекување и им побарала посебна услуга.

Оваа храбра жена се верила во јануари и ги замолила своите лекари да ја придружуваат до олтарот, а тие тоа и го направиле.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Кога Шери Џејмс се вери во јануари, таа веднаш знаеше дека сака да замоли двајца посебни луѓе не само да присуствуваат на нејзината претстојна свадба – туку и да ја придружуваат до олтарот.

Оваа 70-годишна жена била подложена на хемотерапија и зрачење поради рак на дебелото црево. Од февруари до април 2021 година, Шери била подложена на интензивна нега, а двајца нејзини онколози, д-р Ван Морис и д-р Ејми Холидеј, од Универзитетот во Тексас и’ помогнаа да преживее.

Како што истакна за ABC News, таа не можела ниту да ја замисли својата венчавка без нив, а тие двајца се договориле да ја придружуваат до олтарот.

Поврзани вести