Институциите треба да постапуваат – новите „бомби“ се дел од материјалот предаден во СЈО

Дел од објавените разговори во изминативе денови што ги слушнал се дел од пакетот материјали што ги предал во СЈО и оти е важно што МВР и Обвинителството постапуваат по нив согласно своите надлежности, потврди денес премиерот Заев.
-Од министерот за внатрешни работи сум информиран дека тие ги превземаат сите дејствија и мерки согласно законот. Тие постапуваат, очекувам одлуки од Јавното обвинителство. Знам дека пред недела, две, исто така, имаше емитување на бомби што задираат и во приватноста и е поднесена соодветна кривична пријава од страна на Јавното обвинителство. Ако се повторуваат ваквите работи законот е јасен околу ова како постапуваат институциите. За мене е значајно институциите да постапуваат. Дали се тоа дел од разговорите, тоа што го имав слушнато, а ги немам слушнато сите разговори, малку ми стана и мачно после долго време, е од делот на пакетот што го предадов во СЈО, што секако само потврдува дека ние сме добиле само дел од тоа што на времето се правело како неовластено прислушкување, и го имало на други страни. Но, добро е што има закони и се надевам дека институциите на системот ќе постапуваат строго по законите, рече Заев на новинарско прашање дали тие шест разговори се дел од бомбите што тој ги добил, дали МВР спроведува истрага, кој ги пуштил и каде, колку такви снимени разговори некој поседува и дали може да бидат злоупотребени.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.