Интер му побегна на Јувентус со 15 бодови предност



Во последниот натпревар од 27-то коло на италијанското фудбалско првенство, Интер на својот „Сан Сиро“ ја победи Џенова со 2:1, зголемувајќи ја предноста во однос на второпласираниот Јувентус на дури 15 бодови.

Тимот од Милано поведе во 30. минута со голот на Кристијан Аслани, а осум минути подоцна Алексис Санчез од пенал зголеми на 2:0.

Џенова се врати во мечот во 54. минута намалувајќи на 1:2со голот на Јохан Васкез. Гостите постигнаа втор гол во 66. минута, но погодокот на Витиња беше поништен поради задното поле.

На табелата води Интер со 72 бода, Јувентус е втор со 15 бодови помалку, додека Милан е трет со 56 бодови. Џенова е на 12. позиција со 33 бодови.

 

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: