ИРАНСКИ ДРОНОВИ НАПАДНАА ЦЕЛИ ВО ОДЕСА: Зеленски му порача на Техеран – Ова се чекори против суверенитетот на Украина (ВИДЕО)

УКРАИНСКИТЕ власти денеска соопштија дека собориле четири беспилотни летала „камикази“ од иранско производство, кои руската армија ги користи во борбени операции.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се пожали дека Техеран им нанесува штета на украинските граѓани, пренесува Ројтерс.

Украинската армија соопшти дека во близина на пристаништето Одеса биле соборени „Шахид-136“, или како што Русите ги нарекле камиказе беспилотни летала „Герањ-2“.

Судејќи според снимката, барем еден дрон удрил во објект на земја, но оваа информација се уште е непотврдена.

Киев, како и Вашингтон, го обвинија Иран дека и испорачува беспилотни летала на Русија, што Техеран постојано го демантираше.

Зеленски побара од Министерството за надворешни работи на Украина да подготви одговор во врска со употребата на иранска опрема, изјави портпаролот на украинскиот претседател Серхи Никифоров.

  • Овие акции на Иран ги сметаме за чекори против суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и против животот и благосостојбата на украинските граѓани – се вели во соопштението.

Воени експерти велат дека Русија ги користи иранските беспилотни летала и за извидување и како „залутана муниција“, друго име за беспилотните летала камикази, кои можат да изберат кога да напаѓаат соодветни цели.

Во петокот, на видео објавено на интернет од офицер на украинските вооружени сили, се гледа уште едно иранско беспилотно летало, Мохаџер-6, како е соборено од украинските сили над морето.

„Маченици“ беа лансирани од рампа на возило кое може да носи неколку мали авиони. Дронот првпат беше виден на снимката објавена во декември 2021 година.

Се верува дека системот во одреден момент го користеле и Хутите во Јемен.

Авионот има облик на делта крило, додека делот во носот содржи боева глава и оптика потребни за прецизен напад. Моторот се наоѓа на задниот дел од трупот и управува со пропелер со две сечила.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.