Ирански научник измислил временска машина

Иранскиот научник Али Разеги ја патентирал својата временска машина „Арјајек“ во државниот Центар за стратешки развивања, пишува британскиот Телеграф.
Научникот тврди дека машината работи по принцип на комплексни алогоритми и овозмужува заминување во иднината до 8 години.

„Моето откритие лесно се собира во торба за лаптоп, и им овозможува на корисниците да погледнат во својата иднина од пет до осум години напред“, вели тој.
Разеги се пофали во иранските медиуми, но одбил да ја прикаже машината бидејќи се плаши од Кинезите.
„Доколку ја покажам, Кинезите ќе ми ја украдат идејата и ќе направат масовно производство “, се жали тој.
Сепак научникот веројатно не е информиран дека Кинезите пред неколку години го забранија патувањето низ времето бидејќи тоа не е во ред со историјата и нивната вера.
 Иранскиот научник Али Разеги ја патентирал својата временска машина „Арјајек“ во државниот Центар за страт

Пронајдете не на следниве мрежи: