Иран повторно ја нападна американската база Али ал-Салем во Кувајт, пожар зафати дел од комплексот

Иран повторно ја нападна воздухопловната база Али Ал-Салем во близина на Кувајт во петокот, таргетирајќи објект што го користат воздухопловните сили на САД, додека САД ја затворија својата амбасада во Кувајт.

Сведоците пријавиле дека црн чад се издига во близина на американската база во Кувајт откако новите ирански напади го зафатија регионот на Персискиот Залив.

По нападот, американската амбасада ја предупреди јавноста да се држи подалеку од воениот објект поради континуирани закани, велејќи им на граѓаните да не се приближуваат до комплексот поради „континуираната закана од ракетни напади врз Кувајт“.

Воздухопловната база „Али Ал-Салем“, која се наоѓа на околу 40 километри од ирачката граница во Кувајт, е еден од клучните објекти што ги користат воздухопловните сили на САД за воени операции во регионот. Базата е дом на 386-то експедициско крило, кое поддржува воздушни мисии и логистика за американските сили низ целиот Залив.

Поради својата улога во поддршката на американските воени операции на Блискиот Исток, базата се смета за стратешки важна. Таа е меѓу објектите поврзани со американските сили во регионот кои беа цел на напади за време на тековниот конфликт во кој се вклучени Иран, САД и нивните сојузници.

Ова е втор напад на иранските сили врз базата Али Ал-Салем. Претходно во понеделник, иранската војска соопшти дека цел на нападите била американската база Али Ал-Салем во Кувајт, како и бродови во Индискиот Океан, по убиството на врховниот лидер на Исламската Република во заедничките американско-израелски напади.

Во соопштението се наведува дека „ракетни единици на копнените и поморските сили на армијата, кои дејствувале од различни локации, во текот на изминатите часови ја гаѓале американската база Али Ал Салем во Кувајт, како и непријателските бродови во северниот дел на Индискиот Океан“. Додадено е дека во нападите биле употребени 15 крстосувачки ракети.
The post Иран повторно ја нападна американската база Али ал-Салем во Кувајт, пожар зафати дел од комплексот appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: