ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА УКРАИНА: Ќе следат одмазднички мерки против Киев

По одлуката на Киев да ја одземе акредитацијата на иранскиот амбасадор во Украина, поради тврдењата дека Техеран наводно и испорачувал на Русија беспилотни летала, Иран вели дека ќе следат одмазднички мерки.

Да потсетиме дека заострувањето на односите меѓу Украина и Иран се случи откако украинското Министерство за надворешни работи му ја укина акредитацијата на иранскиот амбасадор во Киев и донесе одлука за значително намалување на бројот на вработени во иранската амбасада, а причината беше непотврдена информација дека Иран и доставува оружје на Русија.
ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА УКРАИНА: Ќе следат одмазднички мерки против Киев

– Нашата земја ќе преземе соодветни мерки како одговор на одлуката на Украина – се наведува во соопштението на официјалниот претставник на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани Чафи.

Тој го советуваше Киев да не потпаѓа под влијание на трети земји чија цел е да ги нарушат односите.

Соопштението не потсетува на стремежот на Иран да игра посредничка улога меѓу Москва и Киев и да се најде политичко решение за конфликтот, како и неколку контакти кои шефот на иранската дипломатија, Амир Абдолахиан, ги имаше и со рускиот и со украинскиот министер за надворешни работи. .

Да потсетиме дека заострувањето на односите меѓу Украина и Иран се случи откако украинското Министерство за надворешни работи му ја укина акредитацијата на иранскиот амбасадор во Киев и донесе одлука за значително намалување на бројот на вработени во иранската амбасада, а причината беше непотврдена информација дека Иран и доставува оружје на Русија.

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, изјави дека САД веруваат дека Иран наводно ја испратил првата серија беспилотни летала во Русија.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, претходно изјави дека оваа тема е вештачки промовирана во американските медиуми, додека портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи го пишувањето на „Вашингтон пост“ за испораките на дронови, рече дека неодамна беа објавени многу лажни информации.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.