Иран: 41 лице загина во бранот протести по смртта на Маша Амини

ТЕХЕРАН – Најмалку 41 лице загина досега во бранот протести што го зафати Иран по смртта на 22-годишната девојка Махса Амини, јави денеска државната телевизија.

Иран: 41 лице загина во бранот протести по смртта на Маша Емини

Протести по нејзината смрт избија во повеќето од 31 провинција во Иран, објави Ројтерс.

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси вчера изјави дека Иран мора „одлучно да се справи со оние кои ја поткопуваат безбедноста и мирот на земјата“, пренесува Ројтерс повикувајќи се на извештај на иранските државни медиуми.

Раиси ова го изјави за време на телефонски разговор, во кој изрази сочувство до семејството на припадникот на безбедносните сили кој беше убиен на протест минатата недела.

Раиси рече дека провладините демонстрации во Иран ја покажале целосната моќ на Исламската Република, а Ројтерс објави дека провладините демонстранти повикале на егзекуција на луѓето кои протестирале против режимот откако 22-годишна девојка починала, велат тие, од тортура од таканаречената полиција.за морал.

Амини, девојка од иранската провинција Курдистан, падна во кома и почина откако беше уапсена од моралната полиција во Техеран минатата недела поради непочитување на правилата за хиџаб, што предизвика демонстрации во неколку области, вклучувајќи го и главниот град.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.