Испровоциран од прашање за Мухамед Зекири, Ахмети прозборе чисто македонски

По завршување на средбата со премиерот Зоран Заев претседателот на ДУИ, Али Ахмети даде изјава дека се договориле на претседателските избори да одат со заеднички кандидат, а потоа одговараше на новинарски прашања. На сите прашања поставени на македонски тој одговараше на албански јазик, а Бујар Османи преведуваше. Но, на последното прашање да го коментира потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, тој одговори на чист македонски јазик.
-Јас имав средба со претседателот на СДСМ, а не со потпретседателот, кусо одговори Ахмети и си замина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.