Исфрлете го шеќерот од исхраната на еден месец: Ова се промените кои ќе ги забележите!

Исфрлувањето на шеќерот од секојдневната исхрана може да биде голем предизвик, дури и за оние најодлучните. Но, истражувањата покажуваат дека шеќерот го „лаже“ мозокот за повеќе да го консумирате.
Исфрлете го шеќерот од исхраната еден месец: Ова се промените кои ќе ги забележите!
Според податоците на Светската здравствена организација, дневно треба да внесуваме најмногу 50 грама шеќер на 2.000 калории. Тоа се однесува на гликоза, фруктоза и сахароза кои се додаваат во храната при производството.


Од друга страна, шеќерот кој се содржи во овошјето и зеленчукот е добар за здравјето бидејќи природните шеќери се комбинираат со природните витамини, минерали и хранливи влакна, објаснува д-р Кимбер Станфон, нутриционистка и професорка на Универзитетот во Калифорнија. Ако успеете да го намалите внесувањето на дополнителни шеќери, ќе видите огромни промени во организмот. Со топењето на вишокот масти ќе се чувствувате подобро, но и ќе изгледате поздраво и поубаво.
Кожата ќе ви изгледа помладо
Шеќерот во исхраната влијае на количеството на шеќер во крвта. Ако нивото е високо, доаѓа до молекуларен домино ефект кој се вика гликација. Тогаш, молекулите од шеќерот се врзуваат на протеините во кожата, и сето тоа влијае врз колагенот – протеин заслужен за мазноста на кожата. Лошите навики како прекумерното консумирање шеќер може да доведат и до намалување на еластичноста на кожата и рана појава на брчки. Затоа експертите тврдат дека може да го забавите стареењето со намалување на шеќерот во исхраната.
Лош извор на енергија


Дополнителните шеќери се едноставни согорливи хидрати. Брзо се варат и влегуваат во крвта, но енергијата добиена од нив трае кратко. Тие се присутни и во преливите за салати или на пример, во сосовите за скара. Проверете ја амбалажата пред да го консумирате производот.
„Наместо тоа, изедете неколку бадеми кои ќе ве исполнат со енергија која ќе трае подолго“, вели Дијан Санфилипо, советник за исхрана.
Вишокот наслаги околу стомакот ќе се стопи
Навиките како пиењето сокови само ќе ви ги зголеми килограмите, особено во пределот на стомакот. А, маснотиите околу стомакот може да бидат опасни. Зголеменото консумирање шеќер предизвикува и собирање масти кои подоцна може да создадат проблеми со крвните садови и органите. Доколку го исфрлите шеќерот од исхраната ќе ги намалите маснотиите околу стомакот, а исто така и ризикот од разни болести.
Ќе ослабете
Зголеменото ниво на шеќер во крвта создава маснотии по целото тело, не само во пределот на стомакот, изјавува ендокринологот Давид Лудвиг. Поздравите алтернативи, како овошјето и зеленчукот, помагаат при одржување на шеќерот во крвта со што сѐ помалку калории се складираат во облик на масти. Како резултат на тоа, гладот се намалува, метаболизмот се забрзува и полесно се слабее.
Ќе го намалите ризикот од дијабетес
Помалку слатки значи и помалку килограми, но и намален ризик од дијабетес тип 2. Исхраната која вклучува согорливи хидрати кои брзо се варат, како шеќерот, може да го покачи ризикот за дијабетес.
Поздраво срце
Срцето е еден од најважните органи во телото, а шеќерот има големо влијание на него. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои консумираат слатки во количество еднакво на околу 20% од дневните калории имаат поголем ризик за смрт предизвикана од срцеви болести.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.