Исчезнатиот велешанец пронајден мртов, со автомобил излетал од патот

Велешанецот на возраст од 49 години, кого вчера неговиот внук го пријавил во полиција за исчезнат, денес бил пронајден починат на автопатот „Пријателство“.

Како што информираат од СВР Велес, тој излетал со своето возило и од здобиените повреди починал.

Пешак загина во сообраќајката кај село Тркање
Утрово околу 7 часот и 50 минути на патот меѓу Штип и Кочани кај селото Тркање пешак го загуби својот живот откако во него удрило патничко возило од марката „опел астра“. Возилото било …
СДСМ: Власта мачка очи на граѓаните со замрзнување маржа на едвај 73 производи, СДСМ намалуваше цени на 500 производи
Со најавеното замрзнување на маржите на само 73 производи власта под притисок на јавноста мачка очи а резултатот ќе биде никаков. Мерките на владата на Христијан Мицкоски се задоцнети и нема имаат реален …

– Денеска (07.12.2023) во 14.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Пријателство, во правец од Скопје кон Велес, на околу 1.400 метри после исклучок за езеро Младост, било пронајдено излетано возило од патот, форд фокус со велешки регистарски ознаки. Во несреќата, од здобиените повреди починал возачот П.Д.(59) од Велес, за кој на 06.12.2023 неговиот внук пријавил дека се оддалечил од домот. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош-Велес, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Велес. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција – известија од СВР Велес.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.