И го одгризала увото на ќерка си зошто плачела

Можеби звучи неверојатно, но настанот навистина се случил во Русија во 2015 година. Катја Спесициева (9) почина од ненадеен застој на срцето. По страотната тортура од страна на нејзината 36-годишна мајка Људмила, која само затоа што девојчето плачело, малата Каќа почина.

 Катја боледувала од церебрална парализа, се разбудила една ноќ и неутешно плачела. Бесна од тоа што девојчето ја разбудило од сон мајката почнала да ја удира и да ја тресе, и во налет на хистерија и ја одгризала усната. Се обидела да и го одгризе и носот, но во тоа за среќа  не успеала.По неколкудневната борба со болките и здобиените рани Људмила конечно решила да го однесе детето на лекар, каде веднаш било хоспитализирано, по што и биле дијагностицирани и бројни модринки и други повреди на телото. Заради запоставување била одземена од  мајката, но исто така било утврдено дека малата Каќа боледува и од многу други болести и повеќе од една година минала во разни болници.По заздравувањето минатата година како среќата, сепак, да му се насмевнала на ова кутро дете. Била посвоена од Ана Макарова-Бесполова, каде конечно ја добила толку потребната грижа и љубов од оваа хумана жена и нејзиното семејство. Но, среќата траела кратко, пред неколку дена Ана не успеала да го разбуди девојчето од сон-заспало засекогаш. Не бевме подготвени за тоа нашата Катја, нашата Катјуша да не напушти. Огромна трагедија не погоди, кусо изјавила Ана за руските медиуми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.