И децата патат од анксиозност, а овие симптоми родителите треба да ги препознаат кај нив и да реагираат на време

Анксиозноста е ирационален страв или стравување од некој потенцијален настан или ситуација, а често се појавува и кај децата.

Мадура Висвесвран, коосновач на училиштето „Redwood Montessori“ напомнува дека важно е родителите да го препознаат стравот на своето дете.

Игнорирањето на стравот може да доведе до сериозни ментални проблеми во подоцнежниот период.

Седум начини да му се извините на партнерот за да покажете дека навистина ви е жал
Жалам понекогаш е тешко да се каже, а не е само „извини“. Извинувањето е начин да покажеме дека навистина се грижиме и сакаме да ги исправиме работите.И покрај најдобрите намери, се …
Бенјамин Нетанјаху доби гаранции од Варшава: Нема да биде уапсен ако дојде на комеморација на холокаустот
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доби гаранција од полскиот премиер Доналд Туск дека нема да биде уапсен доколку дојде на годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц.Нетанјаху претходно одлучи да не оди …

„Разговарајте со своето дете за неговите стравови. Нежно охрабрувајте го и поддржувајте го своето дете да се соочи со ситуациите поради кои е загрижено“, напишала таа во објавата која ја споделила на Инстаграм и додала:

„Избегнувајте да го критикувате своето дете поради стравот“.

Како изгледаат симптомите на анксиозност кај децата?
Кај децата треба да обрнете внимание на нивните изјави, како на пример:

  • Не сакам да одам на училиште.
  • Можеш ли да останеш со мене?
  • Остави ме на мир!
  • Те мразам!
  • Не сакам да го правам тоа.
  • Ме боли стомак.
  • Никој не сака да игра со мене.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.