четврток, 12 ноември 2026
Најново

И децата патат од анксиозност, а овие симптоми родителите треба да ги препознаат кај нив и да реагираат на време

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Анксиозноста е ирационален страв или стравување од некој потенцијален настан или ситуација, а често се појавува и кај децата.

Мадура Висвесвран, коосновач на училиштето „Redwood Montessori“ напомнува дека важно е родителите да го препознаат стравот на своето дете.

Игнорирањето на стравот може да доведе до сериозни ментални проблеми во подоцнежниот период.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Разговарајте со своето дете за неговите стравови. Нежно охрабрувајте го и поддржувајте го своето дете да се соочи со ситуациите поради кои е загрижено“, напишала таа во објавата која ја споделила на Инстаграм и додала:

„Избегнувајте да го критикувате своето дете поради стравот“.

Како изгледаат симптомите на анксиозност кај децата?
Кај децата треба да обрнете внимание на нивните изјави, како на пример:

  • Не сакам да одам на училиште.
  • Можеш ли да останеш со мене?
  • Остави ме на мир!
  • Те мразам!
  • Не сакам да го правам тоа.
  • Ме боли стомак.
  • Никој не сака да игра со мене.

Поврзани вести