И холандскиот амбасадор го потона Мицкоски: Не е реално тоа што го зборува Мицкоски, подобар договор со Бугарија не можете да добиете

„Рамката е испреговарана, не може да се промени и ако г. Мицкоски вели дека по изборите ќе издејствува подобар договор не мислам дека тоа воопшто е реалистично, дури и возможно. Северна Македонија го има најдобриот договор што може да го добие“ рече холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп во интервју за „360 степени“.

Шолц: Германија мора да најде начин да ги убеди луѓето да изберат кариера во војската
Германија мора да умее да ги убеди луѓето да изберат воена кариера, изјави денеска канцеларот Олаф Шолц, додека земјата разгледува начини да ја …
Средба на годината: Путин ќе ја посети Кина на 16 и 17 мај, ќе се сретне со Си Џинпинг
Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Кина на 16 и 17 мај, на покана на кинескиот лидер Си Џинпинг, соопшти Кремљ.„Лидерите на …

Тој додаде дека со овој договор исчензаа сите останати барања на Бугарија и истакна дека тоа е добро и дека не верува оти ќе има нови услови за втората фаза од Меѓувладината конференција, која зависи само од уставните измени.

Холандскиот амбасадор истакна дека ова е исклучително важен момент и дека е дојдено кончено време Северна Македонија да ја оформи својата иднина и да стане господар на сопствената судбина.

„Наредната година имаме избори за Европскиот парламент, ќе има избори во САД и, како што реков, во Холандија поддршката за проширувањето се намалува и вие не може и понатаму таа поддршка да ја земате здраво за готово, треба да влезете во ЕУ сега, што е можно побрзо или, како што стравувам, таа можност може да исчезне, во некој момент вратата ќе се затвори“ рече Коп.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.