Кавадарчани слават: Тиквеш го освои фудбалскиот Куп на Македонија

Фудбалерите на Тиквеш беа подобри од Воска Спорт со 2-1 на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје и го освоија првиот пехар во Купот на Македонија

Кристијан Стојкоски во завршницата на првото полувреме на мајсторски начин погоди од слободен удар за предност од 1-0 на Тиквеш пред паузата.

Кавадарчани искористија уште една шанса во вториот дел, односно во 59. минута кога Луан Силва погоди за 2-0, по што Никола Шаркоски стрелаше во 77. минута и ја врати надежта на Воска.

Воска доби уште една голема шанса во втората минута од судиското надополнување, но Тиквеш се одбрани и славеше со 2-1.

Пронајдете не на следниве мрежи: