СУД во американската сојузна држава Конектикат му изрече казна од 965 милиони долари на американскиот десничарски теоретичар на заговор Алекс Џонс поради тврдењето дека масакрот во училиштето во Конектикат не се случил.

Џонс со години тврди дека масакрот на 14 декември 2012 година во Сенди Хук, во кој беа убиени 20 деца, бил организиран како дел од владиниот заговор да им го одземе оружјето на Американците.
Тој за време на судењето призна дека пукањето се случило, но одби да им се извини на семејствата на жртвите, пренесе Ројтерс.
Џонс рече дека ќе поднесе жалба на пресудата, додавајќи дека „се бори против Голијат“.
Тринеделното судење го одбележаа емотивното сведочење на голем број родители на повредените деца.
На пресудата на судот во Конектикат и претходеше судење во Тексас во кое поротата одлучи дека Џонс и компанијата што ја води треба да платат 49,3 милиони долари на родителите на загинатите во пукањето во Сенди Хук.
Пронајдете не на следниве мрежи:



