Сезоната пролет/лето 2020 година нуди најразлични модели на јакни. Од една страна се јакните инспирирани од 90-тите години, а од друга страна се женствените модели од твид. Погледнете кои модели ќе бидат во тренд оваа пролет.
1. Кожени блејзери
Кожените блејзерите беа голем моден хит во почетокот на 90-тите години. Трендсетерките како Хејли Бибер и Бела Хадид ги носат овие модели, а претежно станува збор за предимензионални блејзери.
2. Јакни од твид
Коко Шанел ги направи овие јакни популарни и тие никогаш не го напуштија модниот престол, а оваа пролет се особено модерни.
3. Сафари јакни
View this post on Instagram
It’s a jungle out there! #NYFW Day 2 Full look in @hm #HM #HMxME #ByMonaSalama #ByMonaNYFW
Оваа пролет ќе владеат сафари јакни во беж, во маслинеста и во сите земјени нијанси. Овие јакни се многу практични затоа што лесно се комбинираат и одговараат речиси со сè.
4. Штепувани јакни
Тенките јакни наменети за потоплите месеци никогаш не биле толку барани. Оваа сезона е најдобро да ги носите со плетени џемпери и со кожени панталони.